• четврток, 07 ноември 2024

Мекгурк: Ослободувањето на заложниците ќе доведе до значителна пауза во војната во Газа

Мекгурк: Ослободувањето на заложниците ќе доведе до значителна пауза во војната во Газа

Манама, 18 ноември 2023 (МИА) - Главниот советник на американскиот претседател Џо Бајден за Блискиот Исток, Брет Мекгурк, денеска изјави дека во војната меѓу Израел и Хамас ќе има „значителна пауза“ само доколку се ослободат заложниците кои ги држи Хамас и другите исламистички групи во Газа.

-Ќе дојде до зголемување на хуманитарната помош, зголемување на горивото, паузите... само кога заложниците ќе бидат ослободени, рече Мекгурк на безбедносната конференција во Бахреин, објави „Тајмс оф Израел“.

Ослободувањето на голем број заложници, додаде тој, ќе доведе до „значителна пауза... и огромен прилив на хуманитарна помош“.

Мекгурк кажа и дека Бајден за ова прашање изминатата ноќ разговарал со катарскиот суверен, Тамим бин Хамад ал Тани, кој ги предводи напорите за посредување за прекин на огнот и ослободување на заробениците.

Иако нема точни податоци, се верува дека во Газа има околу 240 заложници од Израел. Од 7 октомври досега се ослободени само  четворица заложници, еден беше спасен од израелските одбранбени сили, додека телата на двајца заложници изминатите денови беа пронајдени во Газа. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан