• сабота, 23 ноември 2024

Медузата можна замена за вообичаените морски специјалитети

Медузата можна замена за вообичаените морски специјалитети
Бризбејн, 22 октомври 2020 (МИА) - Нoвo истражување спроведено на Универитетот на Квинсленд во Австралија покажа дека 92 видови морски плодови и риби што се користат во исхраната на луѓето се загрозени. На 11 од нив им се заканува истребување. - Морската храна не е одржлива и тие животни ги нема на меѓународната листа на загрозени видови и екосистеми. Затоа, ние мора да го регулираме риболовот и да се ловат риби што можат да го издржат тој ловен притисок, смета професорката Лесли Роберсон. Со цел да се зачуваат загрозените морски видови, медузата наскоро би можела да се најде на менијата наместо вообичаената морска храна. Имено, истражувачите утврдиле дека во иднина медузата може да се користи како одржлива замена, бидејќи големата побарувачка за бакаларот, меките риби и други морски плодови води кон нивна загрозеност, а на крајот - и истребување на овие видови. си/ми/

Остани поврзан