• вторник, 24 декември 2024

Медицински персонал од Кичево на помош во Инфективната клиника во Скопје

Медицински персонал од Кичево на помош во Инфективната клиника во Скопје
Кичево, 28.јуни 2020 (МИА) - Осум медицински сестри вработени во кичевската болница се ангажирани за помош на персоналот во Инфективната клиника во Скопје, а двајца доктори уште се таму од истата здравствена институција во Кичево. По барање на Министерството за здравство за помош од здравствени работници, во болницата во Кичево се испратени осум медицински сестри и двајца доктори. – Испратени се осум медицински сестри, што фактички претставува ротација бидеќи претходните се вратија по успешна завршена мисија и се во добра здраствена состојба и двајца доктори кои таму ќе престојуваат еден месец, додека сестрите престојуваат по две недели. При тоа, континуитетот на редовното и нормално работење на нашата болница не е нарушена, изјави директорот на Општатата болница во Кичево, Станко Трпески. Тој додаде дека го почитуваат барањето да бидат стручни за работа во вакви услови, бидејќи како што рече, сите се искусни здраствени работници кои долг период работаат во оваа болница.рз/бт/

Остани поврзан