Медиуми: Шпанецот Мумбру нов селектор на германските кошаркари
- Шпанскиот кошаркарски тренер Алекс Мумбру ќе биде нов селектор на актуелниот светски првак Германија, објави денеска весникот Марка.

Мадрид, 14 август 2024 (МИА) – Шпанскиот кошаркарски тренер Алекс Мумбру ќе биде нов селектор на актуелниот светски првак Германија, објави денеска весникот Марка.
Мумбру треба да го наследи Гордон Херберт, кому му заврши селекторскиот мандат, и во новата сезона ќе седне на клупата на Баерн Минхен.
Назначувањето на Мумбру се очекува во наредните денови, а неговото деби на клупата на Германија на 22 ноември на натпреварот против Шведска во квалификациите за Европското првенство 2025.
Мумбру (45) настапуваше за Реал Мадрид и го нисеше дресот на Шпанија со која го освои Светското првенство во 2006 година, а три години подоцна и европската титула. ег/
Фото: ЕПА