• сабота, 20 јули 2024

Медиуми: Судански функционер во тајна посета на Израел

Медиуми: Судански функционер во тајна посета на Израел
Ерусалим, 9 февруари 2022 (МИА) – Висок функционер на суданската воена Влада е во тајна посета на Израел, јавија денеска некои израелски медиуми. Според извештаите, неидентификуван владин функционер се обидува да ги подобри односите меѓу двете земји. Ниту израелската, ниту суданската влада не ги потврдија информациите за посетата, а израелските медиуми потсетуваат дека суданскиот генерал Абдел Фатах ал Бурхан, кој ја презеде власта со пуч минатата година, најави дека односите на Судан со Израел на крајот ќе се вратат во нормала. јт/

Остани поврзан