Медиуми: Начо и Васкез верни на Реал до лето 2025
- Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе ги продолжи договорите со дефанзивците Начо Фернандез и Лукас Васкез, објави денеска весникот АС.

Мадрид, 27 март 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе ги продолжи договорите со дефанзивците Начо Фернандез и Лукас Васкез, објави денеска весникот АС.
Двајцата играчи ќе потпишат нови договори со важност до лето 2025 година.
Претходните договори на обајцата истекуваа на крајот од сезоната 2023-2024.
Претходно денеска се дозна дека играчот од средниот ред Тони Крос исто така ќе остане во Реал најмалку уште една година. ег ФОТО: Фејсбук