• среда, 13 ноември 2024

Медиуми: Вучиќ утре ќе ја информира Владата на Србија за ситуацијата на Косово

Медиуми: Вучиќ утре ќе ја информира Владата на Србија за ситуацијата на Косово
Белград, 4 ноември 2022 (МИА) - Седницата на Владата на Србија, каде претседателот на државата Александар Вучиќ ќе ги информира членовите за ситуацијата на Косово, ќе се одржи утре, јавија дел од белградските медиуми. Седницата е свикана по последните тензии на северот на Косово и суспензијата на регионалниот командант на косовската полиција за север, Ненад Ѓуриќ, од Приштина, како и по разговорите на Вучиќ со тамошните Срби, што траеле цела ноќ во Белград. Поради суспензијата на Ѓуриќ, претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, за утре закажа итен состанок на сите претставници на косовските институции на северот на Косово. Тогаш тој ќе предложи сите Срби да ги напуштат косовските институции на северот, како што изјави, почнувајќи од него лично, а исто така и од локалните власти, обвинителството, судот, полицијата и сите други органи. бд/

Остани поврзан