• понеделник, 23 декември 2024

Медведев: Ќе се браниме од притисокот на САД на Арктикот

Медведев: Ќе се браниме од притисокот на САД на Арктикот
Москва, 13 октомври 2020 (МИА) – Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека „Русија ќе ги брани своите позиции на Арктикот, и покрај фактот што членките на НАТО, пред сè САД, сакаа да ја наметнат својата волја“. - Општо е познато дека одредени земји, пред сè НАТО, вклучително и САД, постојано се обидуваат да ги ограничат нашите активности на Арктикот и користат различни методи за да нè спречат. Понекогаш ќе изградат привремена воена база во близина на нашата граница или се закануваат со санкции, рече Медведев. Според него, ваквите мерки на САД се директна закана за безбедноста на Русија. - И покрај постојаните обиди на одредени земји да ја дестабилизираат ситуацијата на Арктикот, Русија ќе ги брани своите позиции, нагласи Медведев. јт/

Остани поврзан