• четврток, 07 ноември 2024

Медведев: Ова не е нуклеарен блеф - Украина и НАТО да се подготват за разорен одговор

Медведев: Ова не е нуклеарен блеф - Украина и НАТО да се подготват за разорен одговор

Москва, 31 мај 2024 (МИА) - Земјите на НАТО кои одобрија нивното оружје да се користи на руска територија треба да бидат свесни дека нивната опрема и експерти ќе бидат уништени не само во Украина, туку и на секое место од каде што е нападната руска територија, предупреди денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

„И ова, за жал, не е заплашување или нуклеарен блеф“, посочи Медведев.

На својот канал Телеграм тој изјави дека Украина и нејзините сојузници ќе добијат „погубен одговор“ на потенцијалната употреба на западно оружје со долг дострел за напад на руска територија.

„Украина и нејзините сојузници од Алијансата ќе добијат одговор со таква разорна сила што НАТО едноставно нема да може да одолее да биде вовлечен во конфликтот“, посочи Медведев.

Поранешнот руски претседател и премиер порача дека Москва претпоставува дека целото оружје со долг дострел дадено на Украина е веќе директно контролирано од воениот персонал на земјите од НАТО.

 „Тоа воопшто не е воена помош, туку учество во војната против нас“, рече Медведев.

Затоа, порача тој, НАТО ќе мора законски да го квалификува уништувањето на својата опрема, објекти и војници во случај на „можни одмазднички напади... во контекст на членовите 4 и 5 од Вашингтонскиот договор“.

Медведев изјави дека сегашниот воен конфликт со Западот се развива според најлошото можно сценарио и дека има постојана ескалација кога се работи за моќта на применливото оружје на НАТО и затоа никој не може да ја исклучи можноста за влез во финалната фаза. на конфликтот со Западот.сд/

фото:МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан