Мег Рајан ќе режира филм на Нетфликс
- Познатата глумица вторпат седнува на режисерското столче по дебито со драмата „Итака“ од 2015 година. Зад себе има и улоги во 51 филм или ТВ-серија.
Лос Анџелес, 17 март 2022 (МИА) - Мег Рајан ќе ја режира филмската адаптација на романот на Сали Франсон од 2018 година - „Дамски водич за распродажба“, за стрим-платформата Нетфликс.
Според „ИМДБ“, познатата глумица, која е на самиот почеток од седмото десетлетие од својот живот, вторпат седнува на режисерското столче по дебито со драмата „Итака“ од 2015 година. Зад себе, инаку, има улоги во 51 филм или ТВ-серија.
Џени Рејчел Вајнер го пишува сценариото, а продуценти на филмот се Гери Фостер и Рас Красноф од „Красноф / Фостер ентертејнмент“ и Ким Хоџерт од „Анонимус контент“. си/сд/