• сабота, 23 ноември 2024

Меган Фокс и Брајан Остин Грин се разделија по 10 години брак

Меган Фокс и Брајан Остин Грин се разделија по 10 години брак
Лос Анџелес, 19 мај 2020 (МИА) - Меган Фокс и Брајан Остин Грин, по 10 години брак и уште шест години врска пред тоа, се разделија. Тоа го објави Грин во неговата интернет-емисија. - Јас секогаш ќе ја сакам. Знам дека и таа секогаш ќе ме сака мене, а тоа што го градевме со години, е навистина посебно, изјави глумецот во емисијата. Тој натаму нагласи дека со Меган сè уште се гледаат заради семејните празници и дека цврстата врска меѓу нив е од витално значење за нивните деца. Гласините за разделбата започнаа откако Меган беше видена со колегата од филмот „Machine Gun“ („Автоматски пиштол“) - Колсон Бејкер. Но, ѕвездата од „Трансформери“ тогаш рече дека тој ѝ е само пријател. Брајан и Меган се запознале на сетот на „Hope & Faith“ („Надеж и верба“), а почнале да се дружат во 2004 година. Двојката тогаш беше мета на критики затоа што Фокс имаше 18 години, а Брајан - 30 години. Ова не е прва нивна разделба. Откако се венчаа 2010 година, Фокс поднесе барање за развод во 2015 година. Една година подоцна, тие се смирија, сѐ досега, до емисијата на Грин.  си/ми/

Остани поврзан