• среда, 27 ноември 2024

Меган Маркл ќе го позајми гласот во цртан филм на Дизни

Меган Маркл ќе го позајми гласот во цртан филм на Дизни
Лос Анџелес, 13 јануари 2020 (МИА) - Војвотката од Сасекс, Меган Маркл - сопруга на британскиот принц Хари, потпиша договор со Дизни за позајмување на својот глас. 3асега не се соопштува насловот на договорениот проект. За возврат, продукциската куќа ќе дари свои средства на добротворното здружение за заштита на слонови „Elephants without borders“ (Слонови без граници). Меган и Хари предминатата среда најавија дека се откажуваат од кралските должности за „да станат финансиски независни" и за да минуваат повеќе време во Северна Америка. Дизни и претставниците на Меган засега не ги коментираат овие наводи. си/

Остани поврзан