МД „Илинден" - Тирана упати телеграми со сочувство до претседателката Давкова и премиерот Мицковски
- Претседателот Македонското друштво "Илинден" - Тирана, Никола Ѓурѓај, во име на друштвото и Македонците во Албанија, до претседателката Гордана Силјановска-Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски, упати телеграми со сочувство за трагедијата во Кочани.

Дебар, 21 март 2025 (МИА) - Претседателот Македонското друштво "Илинден" - Тирана, Никола Ѓурѓај, во име на друштвото и Македонците во Албанија, до претседателката Гордана Силјановска-Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски, упати телеграми со сочувство за трагедијата во Кочани.
Се наведува дека со длабока болка Македонците ја примиле веста за националната трагедија од 16 март, во која животот го загубија 59 млади, а многу останаа повредени, дека чувствуваат, тагуваат и сочувствуваат со настраданите.
-Во мое лично име и во името на Македонското друштво "Илинден"-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија, изразувам искрено и длабоко сочувство до Вас како претседателка и премиер на Македонија и до семејствата на загинатите. На повредените им посакуваме брзо закрепнување, стои во телеграмата на сочувство.
Веруваме дека "овие тешки моменти за нашата татковина Македонија ќе бидат надминати и уште еднаш ја изразуваме нашата поддршка и охрабрување за надминување на оваа траорна слика".
-Во овие тешки моменти, срцата на Македонците во Република Албанија се со вас. Бог да биде со семејствата на починатите и повредените и со народот на Македонија", стои во телеграмите со сочувство. вт/сст/