МД „Илинден“ - Тирана му го честита реизборот за европратеник на Винче Лорант, претседател на ФУЕН
- Македонското друштво „Илинден“ - Тирана, кое повеќе од девет години е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) му го честиташе реизборот за европратеник на Винче Лорат, прв човек на федерацијата.
Дебар, 12 јуни 2024 (МИА) - Македонското друштво „Илинден“ - Тирана, кое повеќе од девет години е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) му го честиташе реизборот за европратеник на Винче Лорат, прв човек на федерацијата.
- Дозволете ми во мое лично име, како претставник на Македонците во Република Албанија, а во име на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, да ви честитам за победата на Евроизборите 2024 и како пратеник во Европскиот парламент и како претставник на Унгарците од Романија во исто време и како претседател на ФУЕН. Ви посакуваме и понатаму да бидете гласот на малцинствата и борец, како и досега, за правата на малцинствата во Европа, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Уште еднаш, се додава, ја изразуваме нашата највисока почит кон вас.
Македонско друштво „Илинден“-Тирана за членка на ФУЕН беше примена во февруари 2015 година, каде успешно ги претставува Македонците во оваа највисока малцинска организација во Европа. вт/мд/
Фото: МИА архива