• вторник, 10 март 2026

МД „Илинден- Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува  подобрување на положбата на Македонците 

МД „Илинден- Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува  подобрување на положбата на Македонците 

Тирана, 9 март 2026 (МИА) - Македонското друштво „Илинден"- Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. 
 
-Дозволете ми, во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви го честитам изборот на оваа клучна функција и во посакам успех на вашата позиција како министер за Европа и надворешни работи, стои во честитката. 
 
Се посочува дека македонското национално малцинство во Република Албанија му изразува целосна поддршка и оти е убедено во неговиот успех.  
 
-Во исто време, веруваме дека под ваше водство ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ви посакуваме здравје и успех во вашата работа како министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија и исполнување на обврските, се нагласува во честитката. 

Хоџа (59) кој е дипломат од кариера, на оваа функција дојде на место на Елиса Спиропали, во рамки на реконструкцијата на премиерот Еди Рама.

Тој е поранешен амбасадор во ОН и до изборот за министер, беше шеф на мисијата на Албанија во ЕУ. вт/

Фото: Лого
 
 
                                                                                   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан