• четврток, 26 декември 2024

МД „Илинден“ предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства

МД „Илинден“ предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства
Тирана, 21 септември 2022 (МИА) - Македонското друштво „Илинден“-Тирана предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства. За таа цел друштвото испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола, во кое стои дека 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го избрале и го сметаат за најсоодветен датум. - Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото прогласување за државен празник во Република Албанија, сметаме дека е чекор напред за да се обезбеди видливост за националните малцинства и да се препознае нивната додадена вредност за нашите општества. Се надеваме дека барањето ќе биде прифатено и земено предвид од Ваша страна, стои во барањето на друштвото. Исто така се наведува дека МД „Илинден“-Тирана е регистрирано во судскиот регистар во Тирана во февруари 2009 година а неговата мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија. вт/сх/

Остани поврзан