• среда, 25 декември 2024

МД „Илинден“ донираше примероци од весникот „Илинден“ и други изданија во библиотеката на албанскиот парламент

МД „Илинден“ донираше примероци од весникот „Илинден“ и други изданија во библиотеката на албанскиот парламент

Тирана, 23 јануари 2024 (МИА) - Македонското друштво „Илинден“ - Тирана на Библиотеката во Собранието на Република Албанија и донираше изданија на македонскиот весник „Илинден“ и другите изданија објавени од друштвото, објави Лидра Бушати, директорка на Службата за публикации и собраниската библиотека.

-По претходната донација, сега друштвото ги донира новите броеви на весникот од 57 до 60 издание, фотоалбумот со „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ отпечатен и на албански и на македонски јазик и неколку други нови изданија, за што изразуваме голема благодарност, наведува Бушати.

Ова е последователна донација на „Илинден“ за библиотеката. Претходно освен изданија на весникот, беа донирани и брошурите „Резолуции на МД „Илинден“-изгласани од ФУЕН и „Македонците во Република Албанија и МД „Илинден“ отпечатени на македонски, албански и англиски јазик.

Дел од досегашните донации се и примероци од разгледницата со народни носии на етничките Македонци во Албанија на која се поставени 10 фотографии со Македонци облечени во народни носии, шест од Голо Брдо, две од Гора и по една од Врбник и Мала Преспа, со пригоден текст на македонски и албански јазик.

Друштвото посебна благодарност искажува до Линдита Никола, претседателка на Собранието на Република Албанија, која го прифатила барањето за донации за библотеката. вт/дма/

Остани поврзан