• сабота, 23 ноември 2024

МД"Илинден"-Тирана ја честиташе победата на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

МД

Дебар, 9 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Македонското друштво "Илинден"-Тирана, Никола Ѓурѓај, во свое и во име на друштвото и го честиташе изборот на Гордана Силјановска - Давкова за претседател и победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори.

Во исто време, се заблагодарува на Македонците од Република Албанија што вчера го оствариле правото на глас.

-Почитувани Македонки и Македонци од Република Албанија кои гласавте во татковината Македонија, сакам да се заблагодарам на секој еден од Вас за оствареното право на глас и поддршката што ја дадовте. Македонија повторно горда! Победата е историска, стои во објавата на Ѓурѓај.

Тој е меѓу повеќето Македонци од Албанија кои правото на глас на вчерашните двојни избори во остварија во матичната земја и кој непосредно ја честиташе победа. вт/сст/

Остани поврзан