• вторник, 24 декември 2024

МВШВ: Шумската и Граничната полиција на терен - прекинат еден ланец на дрвната мафија во Струга

МВШВ: Шумската и Граничната полиција на терен - прекинат еден ланец на дрвната мафија во Струга

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Граничната и Шумската полиција – Струга во заедничка акција откриле камион кој превезувал огревно дрво без соодветни документи. Камионот со кој биле одземени дрвата му е одземен на сопственикот, а одеземени се и дрвата кои се складирани во подружницата на Национални шуми.

-Во заедничка акција на Граничната полиција со Шумска полиција – Струга е контролиран камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз.За сторителите поднесени се соодветни пријави до соодветните институции, камионот со кој е превезувано дрвото е одземен од сопственикот, дрвата се одземени и складирани во подружницата на Национални шуми во Струга, информираат денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оттаму најавуваат зголемени акции во соработка со МВР, Шумската полиција и Национални шуми и апелираат дека здружено ќе се вложат за стопирање на криминалот и трговијата со нелегално дрво во борбата против нелегалната сеча на дрвата. сст/мд/

фото: МЗШВ

 

Остани поврзан