• сабота, 23 ноември 2024

МВР: 207 казни за прекршоци што ги прават пешаци

МВР: 207 казни за прекршоци што ги прават пешаци

Скопје, 6 јули 2023 (МИА) - Во рамки на засилена полициска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците вчера во периодот од 08 до 14 часот биле санкционирани 207 пешаци од кои 185 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Како што информираа денеска од МВР, за време на контролата изречени се мерки и за 112 други видови на прекршоци.

-Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР. сст/бак/

Остани поврзан