• понеделник, 23 декември 2024

МВР: Се преземаат мерки за расчистување на случајот со напад врз девојка во Куманово

МВР: Се преземаат мерки за расчистување на случајот со напад врз девојка во Куманово
Скопје, 21 јули 2021 (МИА) - Во врска со случајот на насилство во Куманово кој денеска се споделува на социјалните мрежи, СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека за настанот е известен јавен обвинител и извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички нападнал девојка, а во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ар/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан