• вторник, 19 ноември 2024

МВР: Санкционирани 264 возачи кои возеле со брзина над дозволената

МВР: Санкционирани 264 возачи кои возеле со брзина над дозволената
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Во рамки на засилената акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, што полицијата ја спроведе во текот на вчерашниот ден, санкционирани се 264 возачи. Како што соопшти МВР, од нив, 12 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а тројца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 133 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 131 надвор од населено место.Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта. сст/сп/

Остани поврзан