• сабота, 23 ноември 2024

МВР: Приведен криминалец баран со потерница

МВР: Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 8 април 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 12 часот во Кавадарци го лишиле од слобода Р.Џ.(26) од Штип.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од две години и девет месеци за сторени кривични дела од областа на имотни деликти.

-Р.Џ. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната, соопшти Министерството за внатрешни работи. хс/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан