• вторник, 24 декември 2024

МВР: Приведени криумчари, превезувале девет мигранти од Пакистан

МВР: Приведени криумчари, превезувале девет мигранти од Пакистан
Скопје, 17 февруари 2022 (МИА) - На регионалниот пат Р1103 клучка Демир Капија вчера во 18:40 часот, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово лишен е од слобода Ј.Р.(44) од Гостивар, откако при контрола на патничко возило „БМВ“, со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал биле откриени четири лица илегални мигранти од Пакистан, соопшти Министерството за внатрешни работи.
- Во 20:10 часот кај место викано Острово, во близина на Неготино, биле откриени уште пет лица илегални мигранти од Пакистан, кои претходно се превезувале со возилото „БМВ“, а лишен од слобода е Е.М.(28) од с.Врапчиште. Ј.Р. и Е.М. се приведени во полициска станица и во извршен службен разговор признале дека двајцата учествувале во прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти, посочуваат од МВР.
Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, против лицата во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл. 418-б ст.2 и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основед суд Скопје, а лицата-илегални мигранти се предадени во прифатно-транзитен центар.фф/лв/

Остани поврзан