МВР: Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава
- Неготинската полиција вчера ги лишила од слобода Н.Н.(21), Ф.М.(21) и С.А.(25), сите од село Криволак, неготинско. Тие биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрва.

Скопје, 10 март 2025 (МИА) - Неготинската полиција вчера ги лишила од слобода Н.Н.(21), Ф.М.(21) и С.А.(25), сите од село Криволак, неготинско. Тие биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрва.
Како што информираат денеска од МВР, притоа, Ф.М. и С.А. побегнале, а Н.Н. бил фатен и од него биле одземени дрвата и моторна пила, по што бил приведен во полициска станица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени и приведени Ф.М. и С.А.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/
Фото МИА архива