• вторник, 14 април 2026

МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

Скопје, 13 апарил 2026 (МИА) - Полициски службеници во близина на Граничниот премин Долно Блаце вчера околу 22 часот лишиле од слобода 72-годишен скопјанец, во чие возило биле пронајдени четири мигранти од Инидија.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце вчера во 22 часот го лишиле од слобода В.А.(72) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл.418-б од КЗ на РСМ. Имено во неговото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, пронајдени се четири лица-мигранти од Индија.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. аа/нд/

Фото: МВР

Остани поврзан