МВР: Лишени од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, осуммина возеле без дозвола, од кои еден малолетник
- Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои, осуммина управувале возило без возачка дозвола и тоа по двајца во Скопје, Прилеп и Гостивар, еден во Тетово и еден малолетник во Чашка - информираат од Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 13 април 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои, осуммина управувале возило без возачка дозвола и тоа по двајца во Скопје, Прилеп и Гостивар, еден во Тетово и еден малолетник во Чашка - информираат од Министерството за внатрешни работи.
-Еден возач во Неготино управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во неготинско предизвикал сообраќајна незгода возејќи под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави - се вели во соопштението од МВР.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај. аа/нд/
Фото: МВР