• понеделник, 23 декември 2024

МВР: Категорично ги отфрламе невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Чулев

МВР: Категорично ги отфрламе невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Чулев
Скопје, 7 јули 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи (МВР) ги отфрла тврдењата пласирани на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Наќе Чулев и го повикува да го покаже архивското бројче од актот со кој тврдат дека го пријавиле протестот, со наводно однапред позната маршрута на движење и точки на застанување. Таква пријава, како што велат, во МВР не постои. -Согласно член 3 од Законот за јавни собири, известувањето се поднесува во подрачната единица на МВР на чие подрачје се одржува јавниот собир и во него е наведен организаторот на протестот со сите преземени мерки во врска со непречено организирање на протестот. Но, таков документ со архивски број нема, бидејќи таков акт не постои, велат од МВР. Нагласуваат дека поранешниот министер за внатрешни работи Чулев точно знае дека согласно законот, организаторот кој го пријавил протестот може да сноси и одговорност за активностите кои се случуваат на истиот. -Оперативниот план на МВР со мерки и активности е изготвен согласно оперативните сознанија на полицијата, а не според изнесените дезинформации за уредно најавен протест, и благодарение на тој план, со брза реакција на полицијата беа избегнати поголеми инциденти, а досега се приведени 20 лица, од кои против 12 веќе се поднесени кривични пријави, прецизираат од МВР. вј/дма/

Остани поврзан