• понеделник, 23 декември 2024

Превентивни активности на МВР за заштита на граѓаните од кражби

Превентивни активности на МВР за заштита на граѓаните од кражби

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со полициските службеници, денеска на Водно делеа флаери со порака „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.

Во рамките на континуираните активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, како дел од годишната програма за работа, денеска министерот Тошковски беше дел од реализирана превентивна активност од областа на имотните деликти, во насока на зголемување на нивото на самозаштита и поголема безбедносна култура кај граѓаните во делот на тешки кражби од моторни возила.

Од МВР известуваат дека, заедно со началникот на СВР Скопје и полициските службеници од Одделението за превенција, Тошковски на паркинг просторот на излетничко-туристичкиот центар „Водно“ оствари средби со граѓани посетители на кои им беа поделени флаери со едукативна содржина „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.

На граѓаните им било укажано на лично превентивно однесување со цел подигнување на свеста во насока како да се самозаштитат за да не станат жртви на ваков вид кривични дела, односно кога ги паркираат нивните моторни возила да не оставаат вредни предмети во истите. ир/ев/

 

Фото: МВР

Остани поврзан