• среда, 27 ноември 2024

МВР Битола

МВР Битола

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - На 11.04 2024 во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудник Суводол, систем Брод - Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.04.2024 околу 11.00 часот на Граничен премин Св.Наум, полициски службеници го лишиле од слобода И.И.(51) од Република Албанија. При контрола на патничко возило „сангјонг“ со албански национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека  втиснатите броеви на шасијата од возилото не соодветствуваат со броевите кои се во сообраќајната дозвола приложена при контролата. Возилото било одземено, а лицето било спроведено во СВР Охрид за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (12.04.2024) во 00.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (12.04.2024) во 03.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.А.(22) од Република Турција, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.04.2024 во 21.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Д.(19) и Т.Ш.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.04.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.О.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.04.2024 во 17.50 часот во гостиварско Здуње, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.Џ.(24) од гостиварско Нистрово и Б.С.(23) од гостиварско Здуње, затоа што  кај нив била пронајдена и одземена марихуана и затоа што го нарушиле јавниот ред и мир. Двајцата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење...

На 11.04.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„21“ во с.Мојанци, општина Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(36) од с.Сингелиќ, скопско и електричен тротинет, управуван од малолетник од с.Мојанци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.04.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, А.И.(23) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 11.04.2024  во 16.00 часот во Полициската станица Чаир, Н.Т.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„АФЖ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 11.04.2024 година во 19.30 часот, В.Б.(40) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „11 Септември“ во Кичево, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.  дма/

 

Фото : МИА архива

Тагови

Остани поврзан