• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Денеска (12.02.2024) во 01.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Ј.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети екстази. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 11.02.2024 во 19.50 часот на ул.„Индустриска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б.(28), Е.К.(22) и Л.М.(19), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај С.Б. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.02.2024 во 01.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Ѓ.(27) од село Бориево, струмичко, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.02.2024 во 14.50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(25) од Косово затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид дал фалсификувана косовска возачка дозвола. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за управување под дејство на алкохол, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас... 

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (09/10/11.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 216 возачи, меѓу кои 121 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 22 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкциии за управување без возачка дозвола, осум санкции за користење на мобилен телефон, 10 прекршоци што ги прават пешаците...

На 11.02.2024 во 11.46 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово, патничко моторно возило „застава југо корал 55“, управувано од Д.Н.(45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.И.(67) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Т.Н.(41) од Виница, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.   

На 11.02.2024 во СВР Битола, А.Т.(33) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак” бил каснат од куче скитник.

 

 

Остани поврзан