• вторник, 24 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 21 јануари 2024 (МИА) - На 21.01.2024 во 01.10 часот на улица „Рудничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.М.(47) од кичевското село Туин, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.01.2024 во 23.40 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 21.01.2024 во 01.55 часот во село Жеровјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(31) од село Горно Седларце, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 21.01.2024 во 00.50 часот на улицата „Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле О.Д.(26) од Штип. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор Струмица“ за издржување на казната.

Секторот за внатрешни работи Скопје, во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 95 мерки, меѓу кои, по четири мерки за непочитување на брзината на движење и управување возило под дејство на алкохол, девет санкции за возење без возачка дозвола, 16 мерки за користење на мобилен телефон, девет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

На 20.01.2024 околу 20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово - граничен премин „Табановце“, на околу два километра пред граничниот премин, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово. Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б.Т, а со телесни повреди се здобил Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатата било дадено на обдукција.

На 20.01.2024 во ОВР Струга било пријавено дека околу 16 часот на регионалниот пат Струга - Дебар, во село Враништа, струшко, работна машина со струшки регистарски ознаки, управувана од Б.Н.(42) од село Велешта, струшко, излетала од патот. Во несреќата, Б.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

На 20.01.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Центар, С.Ч.(37) од Скопје пријавила дека на улицата „Титовелешка“ била касната од куче скитник.

На 21.01.2024 во 00.30 часот во Полициската станица Драчево, З.С.(46) од Скопје пријавил дека на улицата „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

На 20.01.2024 во 12.15 часот во СВР Битола, К.Г.(58) од Битола пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник. бд/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан