• сабота, 23 ноември 2024
МВР Билтен

1 април 2023

Денеска (01.04.2023) во 09.30 часот на автопатот А-1, Скопје-Гевгелија, кај клучка Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода се лишени Х.К.(52) и М.С.(54), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека 30.03.2023 во Неготино извршиле 3 кривични дела тешка кражба на дрзок начин. Кражбите ги извршиле во интервалот од 12.05 часот до 12.30 часот, при што на три жени од Неготино од ташните им одзеле паричници со пари и лични документи. По целосно документирање на случаите ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело по чл.236.ст.3 од Кривичниот законик.Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар, по деноноќна потрага, пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите.Денеска (31.03.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 96 возачи. Од нив, 40 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 56 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.На 31.03.2023 година во ОВР Кичево, М.С.(60) од кичевското село Челопек, пријави дека на локален пат во селото, била касната од куче скитник.На 31.03.2023 во 22.10 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници е лишен од слобода М.С.(23) од Скопје, затоа што околу 21.40 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Гази Баба агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 31.03.2023 во Полициско одделение Петровец, Д.К.(50) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека околу 17.00 часот, додека бил на своето работно место во бетонска база во с.Ржаничино, бил физички нападнат од А.Л. и А.Л. од с.Ржаничино, скопско, кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 01.04.2023 во 08.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Н.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 31.03.2023 од 14.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 58 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-25, Струга- 14, Кичево-10, Дебар-09).На 31.03.2023 околу 11.20 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди е донесен повреден В.Г.(46) од Скопје. Според пријавеното, тој се повредил околу 10.30 часот, додека бил на работното место во Зоолошка градина Скопје. Полициски службеници излегле на местото, а за случајот е известен трудов инспектор.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(21) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.06.2021 околу 01.00 часот од полициски службеници во Тетово, при извршен преглед кај пријавената, била пронајдена и одземена марихуана.На 31.03.2023 во 19.00 часот во Полициска станица Центар, Х.Ѕ.(24) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.03.2023 во 11.00 часот во Полициска станица Бит Пазар, Р.Ц.(65) од Скопје пријавил дека на ул. „Вуковарска“ бил каснат од две кучиња, сопственост на Р.И.. По документирање на случајот против сопственикот ќе следува поднесок.На 31.03.2023 во 12.00 часот во Полициска станица Гази Баба, С.А.(43) од Скопје пријавил дека во 11.00 часот на пазар на подрачјето на Гази Баба, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат од Р.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.03.2023 околу 12.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош, во својот дом бил пронајден починат Т.Д.(40) од Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.На 31.03.2023 во 20,40 часот во Полициска станица Гази Баба, Д.С.(42) од Скопје пријавил дека на ул. „Жегљане“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.На 31.03.2023 во 20.30 часот во Полициска станица Кисела Вода, Ф.Ѓ.(20) од Скопје пријавил дека околу 19.55 часот пред трговски центар на подрачјето на Центар, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.03.2023 во 23,40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода Е.А.(38) од Штип, затоа што околу 23.30 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил остар предмет, а потоа агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 31.03.2023 во 20.00 часот во Полициска станица Бит Пазар, Ј.И.(24) од Скопје пријави дека на 30.03.2023 околу 18.00 часот на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил физички нападнат од Р.Х.(27) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Г. (25) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 11.06.2021 на магистралниот пат Штип-Кочани, полициски службеници, при извршен преглед кај пријавената, пронашле и одзеле марихуана.На 31.03.2023 во 21.40 часот во Полициска станица Аеродром, М.А.(44) од Скопје пријавила дека во 20.00 часот, во зграда на подрачјето на Аеродром, била физички нападната од Ѓ.М.(61) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 01.04.2023 во 01.50 часот во Полициска станица Аеродром, Ж.Т.(29) од Скопје пријавил дека во с. Горно Лисиче, скопско, бил каснат од куче скитник.На 01.04.2023 во 03.00 часот во Полициска станица Драчево, Н.С.(41) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека околу 01.40 часот пред казино на подрачје на Кисела Вода неговиот малолетен син, по претходна расправија, бил физички нападнат од В.Г. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.03.2023 во 23.20 часот во Полициска станица Велес, Г.С.(22) од Велес пријавил дека околу 21.20 часот, на паркингот пред угостителски објект на Велешко Езеро, бил физички нападнат од М.С. и Ј.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.03.2023 во 12.00 часот во Полициска станица Радовиш, Б.Ј.(69) од с.Раклиш, радовишко, пријавил дека околу 09.30 часот во Радовиш бил физички нападнат од К.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.03.2023 во 20.20 часот во Полициска станица Драчево, З.С.(60) од Скопје пријавил дека на ул. „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.На 31.03.2023 во 22.33 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 22.30 часот во Штип, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Д.(19) од с.Стар Караорман, штипско, и В.Д.(21) и В.И.(21), двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.03.2023 во 15.00 во Полициско одделение Групчин, Ј.И.(66) од с. Ларце пријавил дека во селото неговиот малолетен внук бил физички нападнат од тројца негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.03.2023 во СВР Тетово, Е.Б.(42) од Тетово пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М.Б.(20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Ш.М.(41) од Кавадарци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 11.10.2022 при извршен претрес во неговиот дом во Кавадарци, полициски службеници пронашле и одземале хероин, кокаин, две дигитални ваги и пари.На 31.03.2023 полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода С.П.(21) од  струмичко. Таа се сомничи дека на забава во јануари 2023, со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од страна на двајца малолетници од струмичко. За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со соодветен поднесок трите лица се денеска изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.На 31.03.2023 во 21.00 часот во Полициска станица Гостивар Г.М.(49) од Гостивар пријавил дека околу 19.10 часот, додека бил на работа во фризерски салон во Гостивар, бил физички нападнат од Б.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.03.2023 во 22.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница во близина на трговски центар на подрачјето на Аеродром две лица со од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.03.2023 во 17.25 часот во СВР Тетово, Е.Б. и Р.И.(23) од с.Требош пријавиле дека на 30.03.2023 околу 21.30 часот, поради нерасчистени имотно-правни односи, повеќе лица му се заканувале на Е.Б. во с.Желино, каде бил однесен од две лица со возило „пасат“, со тетовски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Министерство за внатрешни работи

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан