• петок, 15 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 јануари 2023 (МИА) - На 13.01.2024 во 21.40 часот во Скопје на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.К.(23) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 13.01.2024 во 23.40 часот во Скопје на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник  од с. Арачиново, скопско, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (14.01.2024) во 00.20 часот во Скопје на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.В.(43) и Ф.С.(28) двајцата од Скопје, поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (14.01.2024) во 01.20 часот во Скопје на подрачје во Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода  А.Г.(42) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.01.2024 во 11.45 часот во Скопје во Полициска станица Аеродром, К.С.(19) од Скопје пријавила дека на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ во близина на Железничката станица во Скопје била касната од куче скитник.

На 13.01.2024 во 22.00 часот во Скопје во Полициска станица Чаир, Р.М.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„ Хо Ши Мин“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за управување под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло.

На 13.01.2024 околу 15.40 часот, било пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин „Деве Баир“ – Крива Паланка, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „рено“ управувано од Т.М.(34) од Крива Паланка, со регистарски ознаки од Крива Паланка удрило во Д.М.(49) од с. Дурачка река, Крива Паланка, а потоа во запрено товарно моторно возило „мицубиши“, сопственост на ЈП за Комунални услуги-Комуналец Крива Паланка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

На 13.01.2024  во 20.30 часот во Скопје  било пријавено дека на крстосницата од ул. „1 “ и ул .„7“ во Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа во која возило удрило во велосипед управуван од С.Ј.(61) од Скопје, по што возилото го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Ј., констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан