• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - На 26.02.2024 во 21.15 часот на улица „Димко Најдов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Е.(34) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Околу 21.10 часот на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање на возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари и од возилото излегле неколку лица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што бил пронајден возачот и возилото. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (26 февруари) околу 15.45 часот и 45 минути на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека претходниот ден одзел патничко моторно возило „пежо 306“ со гостиварски ознаки, кое било паркирано на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар. Возилото било најдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде изготвен соодветен поднесок. 

На 26.02.2024 во 17.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Ј.(39) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. Н.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. 

Денеска (27.02.2024) во 01.40 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.02.2024 во 21.20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.А.(43) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против Р.А. ќе следува соодветна пријава. 

На 27.02.2024 во 00.05 часот во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле О.Л.(42) и М.П.(44), двајцата од Охрид. При преглед во патничко возило, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена пријава. 

На 26.02.2024 во 18.20 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Л.(34) од Република Албанија затоа што при гранична проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“. Лицето било предадено на полициски  службеници  од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка. 

На 26.02.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т.(56) без знаци на живот, со  прострелни рани од огнено оружје. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 26.02.2024 во 04.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Чаир, сопственост на О.Ј.(27) од Скопје. Пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

Во текот на вчерашниот ден (26.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 238 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 119 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 119 надвор од населено место. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 13 мерки за користење на мобилен телефон при возење... 

На 26.02.2024 во 11.10 часот во СВР Битола, М.И.(55) од Битола, пријавил дека во населба „Карпош“ бил каснат од куче скитник.

На 26.02.2024 во 15.30 часот во ОВР Прилеп Т.И.(60) од Прилеп пријавил дека на ул.„Леце Котески” бил каснат од куче скитник . 

На 26.02.2024 во 23.40 часот во Полициската станица Велес, А.Ц.(22) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник. 

Остани поврзан