• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 24 ноември 2024 (МИА) - Денеска (24.11.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.Н.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 
        
Денеска (24.11.2024) во 02.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода В.Б.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 
        
Денеска (24.11.2024) во 03.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода В.Х.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (24.11.2024) во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 23.11.2024 во 23.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.Г.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 23.11.2024 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР го лишиле од слобода В.Б.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 23.11.2024 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, го привеле А.Ф.(27) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 
        
На 23.11.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 24.11.2024 во 01 часот на ул.„Климент Охридски" во Битола во врска со основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Б.(19),М.Г.(19),С.Б.(20),П.Р.(20),А Р.(20) и Ј.С (20) сите од Битола. При преглед кај М.Б. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава. 

На 23.11.2024 во 10.50 часот во маркет  лоциран на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода М.К.(38) од прилепско. Таа била затекната при вршење на кражба во маркетот. Украденото е одземено и вратено на сопственикот.По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава. 

Остани поврзан