• сабота, 06 декември 2025

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 17 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници утринава во 2:20 часот на клучката Арачиново на подрачје на Гази Баба го лишиле од слобода М.А.(41) од село Черкези, кумановско затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 18:25 часот во Тетово го лишиле од слобода К.Р.(24) од Тетово затоа што по извршен претрес, по претходна судска наредба од Основен суд Тетово, во неговиот дом во Тетово била пронајдена и одземена марихуана. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги вчера околу 21:15 часот на подрачје на Центар во Скопје го привеле Б.З.(24) од Тетово. Тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено поправна установа- затвор „Идризово“ каде имал за доиздржување казна затвор во времетраење од една година и пет месеци за сторено кривично дело по член 237 ст.4 од Кривичниот законик, а за кое бил осуден на казна затвор од пет години.Лицето е спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Вчера околу 15:20 часот било пријавено дека во Струга, на регионален пат Р1208 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.П.(53) од Охрид и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(42) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П., а со телесни повреди се здобил Х.Б. кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св. Еразмо“-Охрид. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.

Б.Р.С.(44) од Скопје вчера во 13:40 часот во Полициска станица Аеродром пријавила дека на бул. „АСНОМ“ била касната од куче скитник.

Е.М.(38) од Скопје вчера во 21:40 часот во Полициска станица Аеродром пријавила дека на улицата „Горно Лисиче“ била касната од куче скитник.

Патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(20) од Радовиш вчера во 14:00 часот на улицата „Калузлиска“  во Радовиш удрило во малолетен пешак од Радовиш, по што возачот со возилото напуштил местото на настанот, но бил пронајден од полициски службеници. Пешакот е пренесен во Здравствен дом Радовиш каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои  шест санкции за возење без возачка дозвола, четири санкции за користење на мобилен телефон при возење. Изречени се три санкции за не носење на сигурносен појас, четири санкции за прекршоци што го прават возачи на мотоцикли, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила,... вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан