• вторник, 24 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 2 август 2024 (МИА) - Во СВР Охрид утрово во 04 часот било пријавено дека во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Р.Б. врз М.Г.(36), двајцата од Охрид. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 23.45 часот, за време на музички концерт на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, приведени се Л.С.(20) и Л.Н.(18), двајцата од Скопје, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која се вклучиле и други лица од Скопје. Против сите учесници во нарушувањето, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, вчера во 23 часот, при контроли извршени на музички концерт на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, кај Х.В.(21) од Охрид, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На музички концерт кој се одржуваше на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, вчера во 22.50 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај Е.Ј.(30) од Прилеп, пронајдоа и одзедоа марихуана, додека кај С.А.(20) од Скопје, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Скопје утрово во 03.40 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар била опожарена надворешна влезна врата од објект на спортска обложувалница. Пожарот бил изгаснат од случајни минувачи. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На Граничниот премин Меѓународен аеродром -Скопје вчера во 19.05  часот полициски службеници ги привеле Ц.Д.Р.(24) од Велика Британија и М.К.Ч.(27) од Полска затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека го пречекориле дозволениот престој во државата. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во времето од 01:50 до 04:00 часот, согласно изготвен план, спровеле акциска контрола во угостителски објект во гостиварско Чегране, сопственост на Б.Н.(42) од Чегране. При контролата поради нерегулиран престој приведени се шест странски државјанки (од Р. Србија и Р. Албанија) на возраст од 23 до 35 години, кои се обиделе да избегаат, но биле спречени во обидот. Лишен од слобода е и А.М.(29) од гостиварско Форино, кој работел како обезбедување во објектот, а сопственикот Б.Н. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање. По документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.

Б.Д.(42) од тетовско Селце вчера во 13.55 часот во СВР Тетово пријавил дека неговиот малолетен син во дворот на нивната семејна куќа бил каснат од куче скитник.

Во СВР Скопје утрово во 02.11 часот било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил опожарен објект на спортска обложувалница. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Во Полициската станица Кочани вчера во 22.43 часот било пријавено дека на локалниот пат Кочани - брана Гратче, мопед управуван од В.А.(57) од Кочани, излетал од надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. 

Е.П.И.(37) од Скопје вчера во 09.52 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 07.00 часот во нејзиниот двор од куќа на подрачјето на Кисела Вода пронашла заталкано зрно од огнено оружје и дека не и е предизвикано никакво оштетување. Се работи на расчистување на случајот. 

М.Н.(41) од Скопје вчера во 21.30 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека од домот каде престојувале се оддалечиле пет лица од Непал од 24 до 41-годишна возраст, кои биле вработени во фирма во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. 

Во СВР Скопје вчера во 09.50 часот било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил пронајден во безсознание Ж.Ј.(61) од село Марена, кавадаречко, на кого му била пружена лекарска помош и по кратко време починал. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, го лишиле од слобода И.Љ.(42) од Скопје поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени еден боев куршум, нож, метална палка на расклопување и електрошок. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во Полициската станица Крива Паланка вчера во 23.50 часот било пријавено дека околу 23.50 часот во угостителски објект во Крива Паланка, С.В.(41) од село Радибуш, општина Ранковце бил физички нападнат од Б.П. и Р.М., двајцата од Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје утринава во 02.24 часот и во 03.06 часот било пријавено дека на подрачјето на Бутел биле опожарени два објекта на спортска обложувалница, а во едниот случај од пожарот бил зафатен и соседен објект. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Во Полициската станица Кочани завчера во 01.30 часот било пријавено дека пред угостителски објект во село Чешиново, општина Чешиново–Облешево, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.С.(44) од село Тркање, Н.Г.(20), М.И.(24), И.М.(27) и С.Е.(34) сите од село Чешиново. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан