• недела, 26 јануари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 25 јануари 2025 (МИА) - Во с.Волково, завчера околу 19:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје запреле и извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, било констатирано дека возилото го управувал малолетник од Скопје, а во возилото било пронајдени пет пиштоли, од кои два пневматски и три огнено оружје, шест рамки и 16 куршуми различен калибар. По извршени проверки било утврдено дека за еден од пиштолите неговиот татко Д.Н. поседувал дозвола, додека другите два пиштоли ги поседувал без дозвола. По документирање на случајот и во кооординација со јавен обвинител, против Д.Н. е поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Вчера околу 19.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово – Свети Николе и бул.„ Трета МУБ“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(41) од Куманово и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.С.(52) од Скопје, сопатничка во возилото „поло“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.

Во Полициската станица Чаир, вчера во 13:43 часот од основно училиште на подрачјето на Чаир било пријавено дека во училиштето, со пиштол на дијаболи, кој го носел нивен ученик, била повредена малолетна ученичка. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во периодот од 09.00 до 09.30 часот во училница, еден ученик го извадил пиштолот, кој му бил одземен од друг ученик, кој пак испукал една дијабола и повредил ученичка, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Пиштолот бил одземен од вработените, а увид извршила екипа од ЕВР Чаир. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска околу 11.00 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(33) од с.Арачиново. Тој се сомничи дека на 24.01.2025 со пиштол се заканувал на Е.М.(29) и Ш.Ш.Љ.(40) во дворот од нивната куќа во с.Сингелиќ, скопско. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него Единицата за насилен кривимал при СВР СКопје ќе поднесе соодветна пријава.

Во СВР Куманово, вчера во 20:54 часот А.С. (57) од Куманово пријавил дека пред казино на ул.„Борис Кидрич“ бил физички нападнат од С.М.(70) од Куманово. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 18.22 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во установата бил пронајден починат осуденикот Б.Р.(76) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Во СВР Штип, вчера во 14:10 часот од Јавната установа меѓуопштински центар за социјални работи Штип било пријавено дека од Мал групен дом за деца без родители и родителска грижа во Штип се оддалечил нивниот штитеник А.М.(16). Се преземаат мерки за  пронаоѓање на лицето. аа/

Фото: МИА архива
 

 

Остани поврзан