• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - На 16.10.2023 околу 16.00 часот во с.Калиште, општина Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.С.(47) од с.Калиште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Сухл“ калибар 12мм со 23 патрони калибар 12 мм и ловечка пушка-пумпарица без потребните документи.  Ф.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.11.2023, полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп при СВР Битола ги лишиле од слобода М.Т.(35), М.М.(45), двајцата од с.Брезница, општина Македонски Брод и Б.С.(44) од с.Сарандиново, општина Долнени. При претрес во куќа во с.Тажево, општина Македонски Брод, која ја користи Б.С.(44), извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе куршуми и патрони со различен калибар, ловечки ножеви, како и различна опрема за оружје. Инаку, во куќата биле затекнати М.Т. и М.М., кои изјавиле дека биле пратени од Б.С. да ги отстранат од куќата и да ги однесат на друго место. Додека, при претрес во куќа во с.Сарандиново, сопственост, на Б.С., биле пронајдени и одземени фалсификувана службена легитимација и други предмети поврзани со кривичното дело. По документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава.

На 16.11.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.К.(41) од селото Ботун, општина Дебрца. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „Црвена застава“ и 15 куршуми различен калибар, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 16.11.2023 година, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишија од слобода Г.Д. (37) од село Мрзенци, гевгелиско. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири воздушни пушки, 184 куршуми со различен калибар, два патрони за ловечка пушка и една чаура. Запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (17.11.2023), Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 15.11.2023 околу 02.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари - Скопје, тој со остар предмет ја нападнал својата 46-годишна вонбрачна партнерка и ѝ нанел повреди. По преземени мерки и активности, истиот ден тој бил пронајден и лишен од слобода во Битола, по што бил предаден на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје и му е поднесена пријавата.

На 16.11.2023 во периодот од 12.30 до 14.30 часот, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Виница извршиле претрес во домот и други простории на Џ.Р.(60) во Виница и во с.Градец, виничко. При претресот, извршен во присуство на неговата сопруга и неговиот брат, бил пронајден и одземен пиштол „Валтер“ калибар 4.5 мм. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје вчера (16.11.2023) поднесе кривична пријава по брза постапка против лицата А.И. (18) и З.А. (42) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело - “фалсификување пари“ по чл.268 од КЗ. Имено, по преземени мерки и активности од полициски службеници,  при преглед на возило кај лицата се пронајдени фалсификувани пари во вредност од 3500 долари во апоени по 100 долари,  по што биле приведени во полициска станица. По извршен претрес на три  локации во Скопје, кај едно лице пронајдени и одземени се 1100 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното кое го извршиле приведените лица.

На 16.11.2023 околу 15.30 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 48-годишниот Џ.Б. од тетовски Порој. Тој бил барал со потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 16.11.2023 во 14.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Е.П.(42) од Куманово. Таа се сомничи дека во изминатиот период влегла на приватен имот, во патничко моторно возило, верски објект и одзела повеќе предмети. По целосно документирање на случаите против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Отсекот за економски криминал при СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Н.(72) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и против Л.Т.(59) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената Л.Т., согласно постапката за инспекциски надзор, наместо да донесе решение за отстранување на објект кој бил во фаза на изградба за која инвеститорот И.Н. немал соодветна документација, таа го задолжила инвеститорот да достави извештај за технички преглед од надзорен инженер за поставување на фотонапонска електроцентрала, што е спротивно на Закон за изменување и дополнување на Законот за градење, кој предвидува поставување на фотонапонски електроцентрали на веќе изградени градби од Г2 категорија.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Г.(29) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. На 06.07.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Велес, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 16.11.2023 во 11.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Рузвелтова“ во Скопје, настанал пожар во патничко возило „рено твинго“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Т.(47) од Скопје. Повредени лица нема.

Секторот за внатрешни работи Битола, вчера (16.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 126 возачи, меѓу кои 92 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 4 возачи за управување под дејство на алкохол, 14 мерки за непрописно паркирање...

На 16.11.2023 во 13.40 часот во СВР Битола, Ф.Е.(40) од Битола пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.

Вчера (16 ноември) од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово откриени и санкционирани се 16 прекршоци за пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-7 и ГВ-9). Еден возач (ТЕ) ја пречекорил брзината за над 70 километри на час. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Покрај ова, санкционирани се и 70 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-45 и ГВ-25). Најголемиот број од другите прекршоци, констатирани на тетовското подрачје, се однесувале на непрописно паркирање (14) и на управување без возачка дозвола (8) и така натаму.

На 16.11.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 21 прекршоци од кои 11 во населено место и 10 надвор од населено место. Санкционирани биле и 30 други видови на прекршоци, од кои 4 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за недавање првенство на пешаци, 4 за некористење сигурносен појас, 4 за користење мобилен телефон, 1 за непрописно престројување и 14 за непрописно паркирање.

На 16.11.2023 во 10.50 часот во СВР Куманово, Л.Т.(69) од Куманово пријавил дека на булевар „Октомвриска револуција“ бил каснат од куче скитник.
 
На 16.11.2023 во 12.26 часот во СВР Скопје, 32 годишна жена пријавила дека на 12.11.2023 во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг М.П.(37) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
       
На 16.11.2023 во 23.00 часот во СВР Скопје, Џ.Х.(31) од Скопје пријавил дека во с.Сарај, скопско, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.11.2023 во 15часот во ОВР Прилеп, П.Д.(41) од Прилеп пријавил дека на ул.„Кеј 9 Септември“ бил каснат од куче скитник .

Денеска (17.11.2023) во 00.45 часот во СВР Скопје, И.Ѓ.(39) од Скопје пријавила дека на 16.11.2023 околу 21.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.11.2023 околу 00.15 часот во СВР Тетово, 41-годишниот Ф.М. од гостиварско Врапчиште пријавил дека неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан