МВР Билтен (ДПЛ)
- На 03.01.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 11.09. до 29.12.2023 во с.Љубанци, скопско, било влезено во манастирот „Св.Јован Крстител“ и биле одземени пари.
Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ– Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Куманово, СВР Скопје и ОВР Свети Николе расчисти две кривични дела „измама“ извршени на 29.11.2023 и 10.12.2023 врз две жени од Куманово и Свети Николе и ќе поднесе кривична пријава против В.Е.И.(58) од Република Бугарија поради сомнение дека ги извршила делата. Осомничената ги сторила делата на тој начин што се јавувала кај оштетените и им кажувала дека нивните ќерки предизвикале сообраќајни несреќи и дека се наоѓаат во тешка состојба и затоа требале да дадат одредена сума на пари на лекар за да им бидат извршени хируршки интервенции. На 03.01.2024 во 18.45 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Е.И., по што била пренесена во СВР Куманово, каде што бил извршен службен разговор со неа.
На 03.01.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 29 прекршоци од кои, 17 надвор од населено место и 12 во населено место. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци од кои, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 5 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник...
На 03.01.2024 во 13.20 часот, В.С.(70) од Кичево во полициска станица пријавил дека на Железничката станица во Кичево бил каснат од куче скитник.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б.(33) од Италија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31.12.2023 на Граничен премин Табановце, при влез во државата, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „рено“, кое го управувал, при што биле пронајдени и одземени повеќе куршуми од различен калибар.
На 03.01.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 11.09. до 29.12.2023 во с.Љубанци, скопско, било влезено во манастирот „Св.Јован Крстител“ и биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.01.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.С.(63) од Скопје пријавил дека неговата ќерка А.С.(22), за која на 25.12.2023 била пријавена дека се оддалечила од домот, е пронајдена.
На 03.01.2024 во 21.14 часот во СВР Скопје, Т.Т.(69) од Скопје пријавил дека околу 19.45 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (04.01.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје, Т.Д.(48) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 03.01.2024 околу 23.50 часот во угостителски објект во с.Трубарево, скопско, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.01.2024 во 20.55 часот во СВР Скопје, А.„Н“ од Скопје пријавил дека во угостителски објект на подрачје на Гази Баба, тој и неговиот брат биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.01.2024 во 18.37 часот во СВР Скопје, Б.Ф.(38) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба три лица одзеле предмети од неговиот дом, по што едно од лицата му се заканило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.01.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар во куќа сопственост на Ќ.С.(67) од Скопје. Од пожарот делумно била зафатена и соседната куќа, сопственост на Р.Ц.(70) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.