• среда, 27 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 1 јануари 2024 (МИА) - Денеска во 02:50 часот во Гостивар на улица „Живко Брајковски“ полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.А.(29) од село Градец-гостиварско, Ф.Х.(40) од Гостивар, Л.Ф.(36) од Струга (женско лице) и В.Ф.(29) од Гостивар кои биле со патничко моторно возило „фиат“ со италијански национални ознаки, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и  бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(50) од Куманово,   затоа   што   при   преглед   кај   него   биле пронајдени повеќе  разновидни пиротехнички средства. Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 31.12.2023 во 22 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Г. (36) од Куманово. Тој бил баран по потерница по судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 01.01.2024 во 01:20 часот, на улицата „11 септември“ во Дебар, лишен од слобода е В.В.(28) од кичевското село Бачишта. При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 31.12.2023 во 16:30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(39) од Велес, затоа што, според пријавеното, во дворот од семејната куќа физички го нападнал неговиот 41-годишен брат со тврд предмет. За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.12.2023 во 23:50 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на улица „Кузман Јосифоски“ лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Прилеп. При  извршен преглед, кај лицето е пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.12.2023 од страна на полициски службеници од ОВР Ресен во село Крушје,ресенско лишена е од слобода Х.Б.(46) од село Горна Бањица,гостиварско, која била барана по распишана централна потерница од Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор во траење од 6 месеци. Таа е спроведена во Казнено поправна установа „Идризово“.

На 01.01.2024 во ОВР Крива Паланка било пријавено дека пред угостителски објект во село Гиновци Д.С. (23), Д.М.(21), од Крива Паланка и М.Ц.(22) и С.Ц.(20) од село Конопница, биле нападнати со остар и тврд предмет од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2023 во 21 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А. (52), О.А. (20), Ј.К. (24) и Д.А. (27), сите од Струмица, кои околу 20 часот во училишен двор во Струмица со метални и дрвени предмети ги нападнале Г.П., В.Х., Е.М., Е.М. и Б.М. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.12.2023 во 20 часот во СВР Скопје, Г.И.(61) од Скопје пријавил дека во маркет на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од едно лице, кое, според пријавеното, било вработено како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 31.12.2023 во 18 часот во СВР Скопје Б.З.(37) од село Сарај, скопско пријавил дека на 28.12.2023 околу 13:30 часот во основно училиште во село Крушопек во училница, физички бил нападнат неговиот малолетен син од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 31.12.2023 во 19:45 часот во СВР Скопје Ф.Ќ.Б.(46) од Тетово, пријавил дека на плоштад Македонија бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 31.12.2023 во 21 часот во СВР Скопје С.А.(28) од Скопје пријавил дека околу 19:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар физички бил нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска во 02 часот во СВР Скопје, 41 годишна жена пријавила дека на 31.12.2023 околу 23:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска во 03.10 часот во СВР Скопје, М.К.(20) од Куманово пријавила дека пред угостителски објект на подрачјето на Карпош била физички нападната од И.Г.(22) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (01.01.2024) во 03:45 часот во СВР Скопје, Ј.С.(21) од Делчево пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од соседот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска во 04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.В.(20), Д.В.(22) и Н.Ѓ.(20) сите од Скопје од една страна и П.А.(19), Б.Б.(20), Б.М.(19), Д.К.(18), А.П.(20) сите од Свети Николе од друга страна. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска во 00:50 часот полициски службеници од Полициската станица Карпош на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Б.М.Ѓ.(37) од Скопје, поради тоа што на 31.12.2023 физички ја нападнал неговата 36- годишна поранешна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска во 05:15 часот во СВР Скопје Е.Д.(36) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар физички бил нападнат од Б.А. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска во 02:30 часот во СВР Скопје, 39- годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во н Илинден била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Н.(38) од Скопје. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок. 

На 31.12.2023 во 23:45 часот било пријавено дека во Свети Николе во домот С.И.(26) од Свети Николе физички ја нападнал неговата 27- годишна сопруга. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.  

Денеска во 03:46 часот Р.Ј.(23) од Неготино пријавил дека пред угостителски објект во Штип физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска во 01:50 часот било пријавено дека во Свети Николе бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т., Н.Т. од Скопје и Ѓ.И. од Свети Николе од една страна и Е.Т. (47) од Свети Николе од друга страна (сите женски лица). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Денеска во 00:20 часот А.Ј.(27) од Тетово пријавил дека во угостителски објект во населбата Дреновец во Тетово бил физички нападнат од две лица кои ги познавал, а според пријавеното употребиле остар и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 02:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во село Кучевиште бил пронајден починат Б.С.(72). Од страна на Итната медицинска помош. констатирана била смрт, а телото било предадено за обдукција. 

На 31.12.2023 во 13 часот во гостиварско село полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б.(42) поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2023 во 16.45 часот Б.М.(28) од Тетово пријавил дека во село Фалише-тетовско бил физички нападнат од Г.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2023 во 19:20 часот во тетовско село полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.К.(39) поради тоа што физички го нападнал неговиот малолетен син, по што истиот возвратил, а според пријавеното биле употребени метален и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 31.12.2023 во 21:10 часот 38 годишна жена пријавила дека во домот во Гостивар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.Х.(40). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. свс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан