• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи - Битола, Отсек за општ криминал, денеска поднесе кривична пријава против Г.Т.(42) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, казниво по член 133 од Кривичниот законик.

На 18 јуни во 22.30 часот на бензинска пумпа во Битола, по претходна расправија со вработените во агенција за обезбедување во објектот, пријавениот им се заканувал со огнено оружје.

Рано изутринава околу 03.15 часот во Полициската станица - Центар, пријавено било дека во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, починал А.Ј.(25), припадник на АРСМ.

Според пријавеното, тој бил на специјалистички курс во армискиот полигон „Криволак“, при што во еден момент му се слошило и со возило бил префрлен во Здравствен дом во Неготино, по што, поради сериозноста на состојбата, бил донесен во Ургентниот центар, a по реанимацијата во 22.55 часот, лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

ОВР - Гостивар поднесе кривична пријава против Е.П.(38) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 04.07.2023 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

СВР - Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(42) и Х.Г.(41), двајцата од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 20.04.2024 во близина на село Рамне, охридско, пријавените биле затекнати како им овозможуваат користење на хероин на Г.С. и К.С. .

СВР - Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од градот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

На 16 јуни, на локален пат од село Сопот кон селото Сушево, полициски службеници запреле патничко возило, управувано од пријавениот и во него, пронајдени биле двајца мигранти од Република Турција.

Вчера во 12.30 часот во пунктот за сликање за лични документи „Пролет“, полициски службеници од СВР - Скопје го привеле Е.Ш.(50) од главниот град на државава, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувалe службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 23.30 часот во СВР - Скопје, И.С.(63) од овој град, пријавил дека околу 16 часот, пред неговиот дом на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од С.А. од главниот град на државава.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 13.10 часот во СВР - Скопје, Ж.Д.(69) од градот, пријавил дека во 12.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од И.К.(49) од главниот град на државава.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 20.30 часот во СВР - Скопје, Б.Н.(41) од овој град, пријавил дека околу 17.15 часот на подрачјето на Карпош, три лица го оштетиле неговото возило и физички го нападнале, при што еден од нив употребил остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16.30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека околу 16.10 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија околу паричен долг, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ц.(38) и Д.Г.(44), двајцата од главниот град на државава, при што бил употребен тврд предмет.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14.50 часот во СВР - Скопје било пријавено дека пред трговски центар на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.А.(41) и Д.С.(60), двајцата од главниот град на државава.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17.19 часот во СВР Скопје, 44-годишна скопјанка пријавила дека околу 17 часот во заедничкиот дом на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен 47-годишен сопруг.

Исто така, во полициска станица и сопругот пријавил дека бил физички нападнат од 44-годишната сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 13.45 часот во СВР - Скопје, Б.С.(78) од градот пријавила дека околу 09.15 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во девет часот во СВР - Скопје, А.А., 34-годишна скопјанка, пријавила дека на 16 мај, околу 18 часот на работното место како готвач во хотел на подрачјето на Центар, се здобила со изгореници.

Тие биле констатирани во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 09.39 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во казино на подрачје на Центар, едно лице со закана кон вработената одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Синоќа во 22.20 часот во СВР - Битола, Н.С.(42) од градот пријавила дека во близина на старата касарна, била касната од куче скитник.

Вчера во 14.30 часот во ОВР - Ресен, М.Т.(69) од градот, пријавила дека на улицата „29 Ноември” била касната од куче скитник.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Н.С.(39), Г.Т.(38) и Д.С.(35), сите од главниот град на државава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело.

На 1 јуни, пријавените со патничко возило го носеле К.Б. на неколку локации низ градот против негова волја, при што физички го напаѓале.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Г.П.(46) од главниот град на државава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Пријавениот бил затекнат при продажба на хероин.  

СВР - Охрид поднесе кривична пријава против К.В.(69) од градот, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.  

Пријавениот, од мај 2024, во својство на инвеститор на катастарска парцела во сопственост на државата, извршил ископ на карпа - природна реткост, со што ја нарушил стабилноста на столбови за пренос на електрична енергија и поставил бетонска плоча со што узурпирал државно земјиште. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан