• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 август 2024 (МИА) - Денеска (03.08.2024) околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот. 

На 03.08.2024 околу полноќ на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги приведоа П.К.(19),Ј.Т.(19) и Т.Д.(19), сите од Скопје. При извршен преглед, кај нив пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 03.08.2024 во 03.15 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, извршија преглед врз А.М.(29) од Прилеп и притоа, пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.08.2024 во 13:25 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Трапчин Дол, лишен од слобода е турскиот државјанин Б.П.(31), со привремено живеалиште во Кратово. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана и цветови од канабис сатива. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

На 02.08.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Д.Д.(40) од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.08.2024 во 17.15 часот во с.Говрлево,скопско на место викано „Илино брдо“ полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, ги привеле С.М.(46) од Скопје и И.Ј.(73) од с.Говрлево, скопско,  поради тоа што по претходна вербална расправија С.М. физички ги нападнал И.Ј. и Ј.Б.(77), двајцата од Скопје, а потоа И.Ј. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.08.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје, И.И.(43) од с.Кадино, општина Илинден пријавил дека околу 11.30 часот во дворот од својот дом бил физички нападнат со тврд предмет од малолетничка која ја познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар  бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу еден малолетник од Скопје и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.08.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, А.И.(24) од с.Чифлик, општина Сопиште, пријавил дека на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот  бил физички нападнат од Џ.Х.(27) од Скопје и уште едно лице. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 02.08.2024 во 23.18 часот во СВР Скопје, Т.Б.Р.(42) од Скопје пријавила дека околу 22.40 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзините малолетни синови биле физички нападнати од едно женско лице, која користела и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2024 во 14.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Бањешница" во Гостивар, патничко возило „шевролет" со гостиварски регистерски таблици, управувано од Е.Б.(19) од гостиварско Беловиште, удрило во малолетен пешак, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Денеска (03.08.2024) во 06.55 часот во СВР Тетово била пријавена сообраќајна незгода на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, во која учествувале патничко возило „пежо" со албански регистерски ознаки, управувано од В.Т.(41) од САД, со престој во Дебар, патничко возило „ауди" со германски национални ознаки, управувано од Ф.М.(31) од Германија и патничко возило „мерцедес" со гостиварски регистарски таблици, управувано од Е.О.(29) од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.Т. и  сопатничката Р.Т.(41) од Дебар, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

На 02.08.2024 во 10.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на општина Аеродром во Скопје билo пронајдено починато машко лице. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство, a телото е предадено на судска медицина за обдукција.

На 02.08.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Берово, Б.П.(60) од Велес пријавила дека нејзиниот посинок З.М.(47) од Велес, кој имал здравствени проблеми, се оддалечил од местото од каде што биле на гости во Берово и истиот се упатил кон својот дом во Велес, но не се вратил. Според пријавеното, тој можеби се наоѓа во с.Дорфулија, општина Лозово. Претходно З.М., според пријавеното, неколку пати заминувал од домот и самиот се враќал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 02.08.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во Виница кај градските гробишта настанал пожар на парцела,  сопственост на М.С. (76) од Виница, а потоа огнот се проширил и  ја  опожарил соседната нива, сопственост на В.Л.(67) од Кочани, каде изгореле околу 150 корени лозје и околу 2 метри кубни греди. Повредени лица нема. Од Територијалната противпожарна единица Виница пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (03.08.2024) во 06.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(22) од Куманово, затоа што околу 05.30 часот во семејниот дом во Куманово, со остар предмет го нападнал својот 49-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.08.2024 во 19.15 часот во СВР Куманово Н.Д.(44) од Куманово, пријавил дека во Куманово пред дворно место од куќа, по претходна расправија околу паркинг место, со остар предмет бил физички нападнат од негов роднина Д.Д.(42). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (03.08.2024) во 08.00 часот во Куманово полициски службеници го лишиле од слобода Н.З.(58) од Куманово поради тоа што околу 06.30 часот на автобуска постојка во с.Пезово, со уште едно женско лице со употреба на физичка сила од С.П.(84) од с.Пезово, кумановско,  одзеле  пари и го напуштиле местото на настанот со патничко возило „форд галакси“ со кумановски регистарски ознаки, кое на 02.08.2024 околу 16.30 часот го одзеле пред викенд куќа во с.Скачковце, кумановско, сопственост на Ј.М.(47) од Куманово. Возилото и дел од одземените предмети со потврда се вратени на оштетените. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.08.2024 во 22.10 часот во СВР Куманово, П.А.(47) од Куманово пријавил дека во Куманово, на неговите двајца малолетни синови и нивните двајца малолетни другари им биле упатувани вербални закани од други малолетници, кои притоа им побарале пари и други предмети, а потоа биле физички нападнати, а еден од малолетниците со остар предмет им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 02.08.2024 во 22.55 часот полициски службеници од Полициската станица Кратово, го лишиле од слобода Т.М.(43) од Кратово затоа што во семејниот дом и упатувал закани на својата мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.08.2024 во 16.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош  бил пронајден починат Т.Б.(86) од Скопје, кој на 29.07.2024 во Полициската станица Карпош беше пријавен дека се оддалечил од домот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство, а телото е предадено за обдукција.бт/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан