• вторник, 21 април 2026

Контрола во центарот на Куманово: затекнати 17 малолетници во доцните часови

Контрола во центарот на Куманово: затекнати 17 малолетници во доцните часови

Куманово, 20 април 2026 (МИА) - Полицијата затекнала 17 малолетници при контроли спроведени на повеќе локации во централното градско подрачје во Куманово, информираа денеска од СВР Куманово.

Според полицијата, контролите биле реализирани во периодот од 00:00 до 02:00 часот на 19 април, врз основа на претходно изготвен план за спречување на девијантни појави кај малолетници. При акцијата биле легитимирани вкупно 25 лица, од кои кај 17 било утврдено дека се малолетни.

Малолетниците биле предадени на нивните родители. ам/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан