• вторник, 21 април 2026

Координативен состанок на градоначалникот на Виница со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување

Координативен состанок на градоначалникот на Виница со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување

Виница, 20 април 2026 (МИА) - Координативен состанок се одржа денеска со Дирекцијата за заштита и спасување, посветен на навремени и сеопфатни подготовки за претстојната летна сезона и зголемениот ризик од појава на шумски пожари и пожари на отворен простор, информира Општина Виница.

-Со цел поефикасно превенирање и справување со ваквите состојби, Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување – Виница организира низа превентивни меѓуинституционални состаноци, насочени кон зајакнување на координацијата и подготвеноста на сите надлежни институции, соопштува виничкото градоначалник, Митко Костадиновски.

Состанокот денеска го водеше Драган Тасев од Подрачното одделение за заштита и спасување – Виница, при што произлегоа следниве заклучоци и насоки: зајакнување на меѓуинституционалната соработка и координација во справувањето со ризиците од шумски пожари и пожари на отворен простор, реализација на превентивна кампања за заштита, особено во населените места во близина на шумските појаси,  активно вклучување на медиумите во информирањето на граѓаните за штетноста и последиците од пожарите и засилување на контролите во шумските подрачја од страна на надлежните институции во текот на летната сезона.

На крајот од состанокот градоначалникот Костадиновски апелираше до сите граѓани на одговорно однесување и почитување на препораките, со цел заеднички да се придонесе кон заштита на природата и безбедноста на заедницата. ис/ац/

Фото: Општина Виница

Остани поврзан