• среда, 27 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 19 ноември 2023 (МИА) - Во Тетово денеска во 11 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле Џ.А. од Тетово.

Тој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Вчера околу 17 часот во с.Тополница, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш извршиле контрола на патничко возило „мазда“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Е.А.(26) од с.Тополница.

При контролата било констатирано дека на возилото биле поставени регистарски таблички од друго возило. Возилото било одземено и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на изминатата вечер (18/19.11.2023), во периодот од 23 до 05 часот, на територија на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата биле санкционирани 11 возачи.  На 18.11.2023 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои 8 надвор од населено место и 10 во населено место.

Во 03.30 часот утринава во с.Стајковци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Х.Ц.(21) од с.Стајковци, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќеска во 01.40 часот во с.Вевчани, полициски службеници од Полициското одделение Велешта го привеле Н.Д.(18) од Скопје, со живеалиште во с.Вевчани, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 09.15 часот во СВР Охрид, Е.А.(60) од Охрид пријавил дека по претходна расправија бил физички нападнат од С.Д.(71) од Охрид.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Околу 21.30 часот вчера во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Мирка Настеска“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од З.К.(39) од Македонски Брод врз Б.М.(35) од Кичево.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 22 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.К.(43) од Струмица, затоа што агресивно се однесувал во семејниот дом и се заканувал на неговите родители.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќеска во 01.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, К.Н.(24), С.Н.(48), Д.Н.(44) и Н.С.(19), сите од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 14.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „11 Октомври“ во Кичево, по кратка расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Б.(23), А.Б.(30), Е.Б.(46), С.Б.(31) и Џ.Б.(29), сите од Кичево.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(19) од Куманово, за сторено кривично „криумчарење мигранти“.

На 13.11.2023 на автопатот „Пријателство”, кај клучка за Крива Паланка во правец кон Куманово, пријавениот управувал товарно возило „фолксваген транспортер“, во кое при извршен преглед во товарниот дел биле пронајдени 12 мигранти од Непал.

Ноќеска во 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ленинова“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.М.(18) од с.Пчиња, кумановско, Б.А.(21) од с.Агино Село, кумановско, Д.В.(22) од с.Режановце, кумановско, Д.П.(32) од с.Пчиња и Ф.С.(25) од с.Агино Село.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

Вчера во 13 часот во ОВР Прилеп, Л.Т.(57) од Прилеп пријавила дека околу 13.00 часот на ул.„Васко Карангелевски“ била физички нападната од В.А. – женско лице од Прилеп.

Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 18.20 часот во СВР Скопје, Л.М.(37) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ф.И. од Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“.

На 27.09.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Утринава во 08 чaсот во СВР Битола, Д.Л.(32) од Словенија, со живеалиште во с.Ивањевци, пријавил дека околу 04.00 часот во угостителски објект во Битола бил физички нападнат од И.„Н“.

Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Раштак, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.В.(62) од с.Раштак и Р.С.(50) од с.Трубарево, скопско.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.11.2023 во 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во ходник од зграда на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.П.(47) и Е.К.(36), двајцата од Скопје.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против турскиот државјанин И.М.Т.(19), со привремен престој во Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

На 11.11.2023 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Ноќеска во 01.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, И.Ц.(42) од с.Орман, скопско, бил физички нападнат од неколку лица, од кои дел имале пиштоли, а дел метални предмети, а кои се обиделе да му одземат пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.А.(27) од Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 12.11.2023 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Ноќеска во 01.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во дворно место на ул.„Бајрам Шабани“ било опожарено патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.Х. од Куманово.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Вчера околу 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом во с.Батинци, скопско, бил пронајден починат Б.С.(66) од с.Батинци.

Полициски службеници од Полициската станица Драчево излегле на местото, а од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Утринава во 05.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Чаир, две лица со закана кон вработените одзеле пари од прометот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против А.С.(35) од Скопје, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и против П.Ј.(51) и Р.М.(47), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „криумчарење на мигранти“.

На 12.11.2023 првопријавениот со патничко возило „рено меган“ земено под закуп од правно лице од Куманово, во близина на населба „Караорман“ во Гевгелија прифатил шест мигранти од Сирија, по што на наплатна станица Гевгелија на автопатот „Пријателство” во правец кон Скопје, со возилото удрил во рампата на наплатната станица и избегал. Второ и трето пријавените извршиле помагање на делото така што третопријавениот со патничко возило  „опела астра” ги однел прво и второпријавените до седиштето на правното лице и ги дал своите лични документи за да биде впишан како корисник во Договорот за закуп на возило, при што второпријавениот склучил договор за закуп на возилото и му го ставил на располагање на првопријавениот.

Денеска ( 19.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Г.В.(45), З.М.(22) и Н.М.(18), сите од Битола, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби.

Имено, Г.В.(45) се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на с.Цапари, битолско, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека З.М. и Н.М. се сомничат дека во с.Долно Српци, битолско, извршиле тешка кражба, одземајќи предмети во сопственост на правен субјект. Приведените во целост ги признале кривичните дела, а пронајдени се и одземените предмети и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан