• петок, 27 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 28 јуни 2023 (МИА) - СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Д.(30) од Р.Турција, со дозвола за престој во Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.11.2022 во Штип, во близина на Градскиот трговски центар, при извршен преглед над пријавениот и патничкото возило кое го управувал, пронајдена е и одземена марихуана.

На 27.06.2023 околу 15,30 часот во СВР Штип е пријавено дека на место викано „Петти мост“ во атар на с.Градец, виничко, Д.М.(68) од с.Градец се лизнал и паднал во речното корито на Градечка Река, по што бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Полициски службеници излегле на местото на настанот.

На 28.06.2023 во 08.15 часот М.П.(59) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од У.А.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 27.06.2023 во Полициската станица Свети Николе, С.П.(46) од Свети Николе пријавил дека на ул.„Филип Втори“ во Свети Николе бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против И.П.(43) од Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од август 2022 до мај 2023 година, пријавениот преку телефон, лажно се претставувал како С.Г., вработен во Фондот за здравство, при што со нудење на помош за подигање на парични средства од Фондот, со измама ја навел А.Г. од с.Балинци да му исплати околу 6.000 евра. 

На 27.06.2023 околу 08.40 часот во СВР Велес е пријавено дека во с.Кочилари, велешко, во близина на овоштарник, А.К.(68) од с.Долно Каласлари, велешко, паднал од тракторот и бил прегазен од тркалото, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

На 27.06.2023 во 22.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, малолетник бил физички нападнат од М.М.(50), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.   

На 28.06.2023 во 00.30 часот било пријавено дека во с.Црешево, скопско, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Т.С.(44) и И.С.(42). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 27.06.2023 во 15.00 часот Д.О.(37) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Р.Д.О.(58), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 27.06.2023 во 11.30 часот А.В.(21) од Скопје пријавила дека на 25.06.2023 околу 21.30 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Д.О. (женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 27.06.2023 во 22.24 часот, З.А.(42) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Аеродром нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 27.06.2023 во 18.20 часот Д.В.(21) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Д.М.(19) и Д.П.(20), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 27.06.2023 во 18.30 часот Ф.Ќ.(26) од с.Шемшево, тетовско, пријавил дека во с.Матка тој и А.Ќ., по претходно недоразбирање, биле физички нападнати од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 26.06.2023 во 18.20 часот Р.А.(65) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната со тврди предмети од Е.М.(35) и Е.Е.(58), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 27.06.2023 во 20.20 часот Б.О.(26) од с.Палиград пријавил дека околу 19.10 часот во с.Батинци бил физички нападнат со тврд предмет од Р.М.(19) од с.Батинци. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.М.(62) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 18.06.2023 околу 15.30 часот, во ходник од напуштена куќа на улицата „Даме Груев“ во Охрид, пријавениот при караница и меѓусебна физичка пресметка со 49-годишен охриѓанец, посегнал по пиштол кој го поседувал нелегално и испукал еден куршум во таванот.

На 27.06.2023 во 09.00 часот во Полициското одделение Сарај, Н.И.(67) од с.Бојане пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син М.И.(31). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 27.06.2023 во 21.46 часот Д.Ќ.(49) од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Аеродром, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 27.06.2023 околу 18.45 часот во СВР Куманово 63-годишен скопјанец пријавил дека околу 18.00 часот во с.Никуштак, Општина Липково, А.М. од с.Никуштак, со кого имал нерасчистени должничко-доверителски односи, пред семејната куќа испукал кон него со огнено оружје, но не го погодил. Во координација со Јавен обвинител, извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.П.(43) од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување јавни инсталации“. На 13.05.2023 во с.Градец, Крива Паланка, на место викано „Пушкарци“, пријавениот со вршење на сеча на дрво во приватен имот оштетил јавен кабел – проводник, при што предизвикал прекин на електричната енергија во селото.

 

Остани поврзан