• среда, 27 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 мај 2023 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.А.(21) од село Дебреште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“ и против Ј.Е.(21) од село Дебреше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,соизвршителство“. На 27.03.2022 на локален пат во село Дебреше, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел астра“, управувано од М.А., во кое бил и Ј.Е., при што кај М.А. била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавил за да ја консумираат заедно со Ј.Е..

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.М.(41) од село Требош, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без лиценца“. На 21.03.2023 на регионален пат Македонски Брод-Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на товарно возило „ман“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на лица без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Т.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во октомври 2022 година, пријавениот со посредство на негов другар, набавил повеќе таблети бупренофин, по што ги ставал во прехрамбени продукти, а потоа неговата мајка преку брза пошта ги испраќала во Канзено-поправната установа Затвор Штип, каде што издржувал затворска казна. Таблетите биле пронајдени при контрола на затворската полиција.

На 20/21.05. 2023 во периодот од 23:00 до 04:00 часот, при преземени  сообраќајни контроли во патниот сообраќај, полициските службеници од СВР Охрид затекнале девет возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-05, Кичево-04). Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.   

На 20.05.2023 во 21:20 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода В.Ц.(60) од делчевско село затоа што физички ја нападнал неговата 55-годишна сопруга и ѝ се заканил со остар предмет. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.    

На 21.05.2023 во 03:10 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле Н.М.(22) од с.Драгобраште, виничко, затоа што во угостителски објект во Кочани, по кратка расправија, учествувал во физичка пресметка со Д.Б.(26) од Кочани. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.05.2023 во 22.40 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.Б.(38) од Прилеп затоа што околу 22.00 часот со В.Г. од Прилеп во угостителски објект на ул„Александар Македонски“ во Прилеп физички ги нападнале В.Ј.(35) и П.К., двајцата од Прилеп. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 21.05.2023 во 02:00 часот во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода П.Д.(62) од Неготино поради сомнение дека предизвикал пожар во неговата куќа. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната протипожарна единица Неготино, а повредени лица нема. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2023 во 16:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ја пронашле М.В.(16) од Радовиш, за која на 19.05.2023 нејзиниот татко Н.В.(42) пријави дека се оддалечила од домот. Таа била предадена на нејзиниот татко. 

На 21.05.2023 во 02:10 часот на бул.„8 Септември“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Н.(46) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 21.05.2023 во 06:40 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар ја привеле З.К.(26) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2023 во 22:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.М.(55) од Струмица затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 21.05.2023 во 00:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле В.Ј.(27) од Велес затоа што во угостителски објект во Велес агреисвно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 20.05.2023 во 16:45 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го привеле М.Т.(35) од с.Богородица затоа што го нарушил јавниот ред и мир со фрлање на разни предмети на улица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.05.2023 околу 00:40 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека пред угостителски објект на Градскиот плоштад „Димитар Беровски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(39) и Б.К.(33), двајцата од Берово, при што Д.Т. употребил и стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.05.2023 во 19:20 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од с.Горно Оризари, велешко. Според пријавеното, тој се здобил со повредите откако бил удрен од трактор додека бил на нива со неговиот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.05.2023 во 03:20 часот во Полициската станица Центар, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека на 20.05.2023 во 21:00 часот нејзината малолетна ќерка физички ја нападнала, по што вонбрачниот сопруг на нејзината ќерка се обидел да ја нападне со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 20.05.2023 во 22:50 часот, Н.П.(24) и Л.С.(64), двајцата од Кичево, во полициска станица пријавиле дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево биле каснати од куче скитник. дма/

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан