• вторник, 24 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) - ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, казниво по член 251 од Кривичниот законик. Имено, на 23.01 2024 во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8948 денари. Исто така, на 26.01.2024 на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари.

Вчера околу 09.10 часот во ОВР Берово, од Итна медицинска помош Пехчево било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен Б.Р.(57) од Берово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Пехчево. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Денеска во Полициската станица Битола, полициски службеници извршиле службен разговор со Х.Ј.(27) од Битола, постапувајќи по претходна пријава, дека по кратка расправија, со остар предмет му нанел повреда на Ѓ.Ј.(34) од Битола. Ѓ.Ј. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му била укажана лекарска помош. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.  

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера од 10 до 14 часот, спроведена е акциска контрола на возачите, колку тие ги почитуваат нивните обврски кон пешаците. При контролата, откриени и санкционирани биле вкупно 23 возачи (ТЕ-18 и ГВ-5), кои не им дале предност, односно не ги пропуштиле пешаците, најмногу на обележани премини. На сите возачи-прекршители изготвени им се адекватни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби од 200 до 250 евра во денарска противвредност, со напомена дека на тие со изречена глоба од 250 евра ќе им следи и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 8 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

Синоќа во 22.15 часот во СВР Скопје, М.А.(22) од населба Илинден, општина Илинден, пријавил дека во двор во село Кадино, општина Илинден, било опожарено неговото патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Во 16.30 часот вчера на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода М.Т.(34) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во 19.15 часот синоќа во СВР Скопје, И.С.(43) од Скопје пријавил дека околу 16 часот на фудбалско игралиште во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син физички бил нападнат од мајка на ученик од истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 12.40 часот во СВР Скопје, А.А.(48) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје, физички бил нападнат од А.Д.(29) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јани Лукровски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, удрило во Л.С.(74) од Скопје. Во незгодата, Л.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 16.20 часот во СВР Скопје, Б.П.(48) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека околу 14 часот во населба Нерези, нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од неколку малолетници, кои му го одзеле и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Денеска во 00.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во киоск на подрачје на општина Аеродром, едно лице со тврд предмет го скршило стаклото и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16.10 часот во Полициската станица Велес, М.С.(43) од Велес пријавил дека на улица „Никола Карев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

Во 19.45 часот синоќа во СВР Куманово, С.В. (30) од Куманово пријавила дека на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

Синоќа во 20.10 часот во Полициската станица Драчево, Ф.У.(20) од Скопје пријавил дека на улицата „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.К.(38) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, во периодот од 25.12.2023 до 16.01.2024 на социјални мрежи објавил и со други лица споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка, од кои дел биле со експлицитна содржина, а кои ги направил додека живееле заедно.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против осум малолетници од Тетово и еден од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.09.2023 во Тетово, пријавените физички го нападнале С.А и му нанеле повреди.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Р.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 16.09.2023, пријавениот физички го нападнал неговиот брат, при што употребил и тврд предмет и му нанел повреди.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(28) од Штип и С.Д.(32) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При претрес во просториите на пријавените, во Казнено-поправната установа Затвор Штип, каде што издржувале затворски казни, бил пронајден и одземен хероин.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.07.2023 на наплатна рампа Тетово - Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.И.(40) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.05.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.И.(21) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При извршен преглед кај пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Д.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При извршен претрес во домот на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, амфетамин, кокаин и дигитална вага. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При извршен претрес во домот на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(59) од Тетово и Л.К.(50) од село Стримница, општина Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување јавни инсталации“. На 15.11.2023, Л.К., кој бил ангажиран од С.А. да изврши ископ на негова парцела, со работна машина го оштетил кабелот сопственост на „ЕВН“ Тетово и дошло до прекин на електричната енергија.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(65) од село Опае, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Пријавениот, како инвеститор, во текот на 2022 и 2023 изградил деловен објект и паркинг пред деловниот објект, без да поседува одобрение за градење издадено од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(65) и Е.С.(73), двајцата од селото Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 11.01.2024, при извршена контрола во Тетово, било констатирано дека пријавените со свои патнички возила вршеле јавен превоз без да поседуваат лиценца издадена од надлежен орган. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан